• петок, 10 мај 2024

Без вода утре корисници од општина Ѓорче Петров

Без вода утре корисници од општина Ѓорче Петров

Скопје, 10 април 2024 (МИА) - Без вода утре ќе останат корисници од општина Ѓорче Петров, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.

Поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата „Ѓорче Петров“ без број, во периодот од девет часот па сѐ до завршување на работата, без вода ќе останат корисниците од населба Ѓорче Петров 2, како и дел од корисниците од улицата „Борис Сарафов“, лоцирани на место викано „Јурија“. бд/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан