Без вода утре жителите на скопското село Добри Дол
- Без вода утре од 7 часот ќе бидат жителите од скопското село Добри Дол, Општина Сопиште.

Скопје, 9 ноември 2024 (МИА) - Без вода утре од 7 часот ќе бидат жителите од скопското село Добри Дол, Општина Сопиште.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводна мрежа ф -160 милиметри пред резервоарот во село Добри Дол.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата. мд/сст/
Фото: МИА архива