Без вода утре дел од улицата „Салвадор Аљенде“, со амбасадите на Велика Британија и Франција
- Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10 часот до завршување на работните активности.
Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) - Поради изведување водоводен приклучок на улицата „Салвадор Аљенде“, прекинато водоснабдување утре ќе имаат корисниците на дел од оваа улица, вклучувајќи ги амбасадите на Република Франција и Велика Британија, информираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10 часот до завршување на работните активности. бд/са/
Фото: МИА архива