Без вода улиците „Коце Металец“, „Душан Ташковиќ“ и „Филип Филиповиќ“ во Железара
- Од ЈП Водовод и канализација - Скопје информираат дека поради технички причини при санација на дефектот со прекинато водоснабдување ќе останат и улиците „Коце Металец“, „Душан Ташковиќ“ и дел од „Филип Филиповиќ“ . Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:15 часот до завршување со санација на дефектот.
Скопје, 29 јули 2025 (МИА) - Поради уличен дефект ф-80 мм на крстосницата „Тајмишка“ - „Зеничка“ во населбата Железара, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истите улици. Водоснабдувањето, како што соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје, ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Од ЈП Водовод и канализација - Скопје информираат дека поради технички причини при санација на дефектот со прекинато водоснабдување ќе останат и улиците „Коце Металец“, „Душан Ташковиќ“ и дел од „Филип Филиповиќ“ . Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:15 часот до завршување со санација на дефектот. дма/
Фото: МИА архива