Без вода улица „Христо Татарчев“ бр.13 во населбата Припор
- Прекинато водоснабдување од попладнево ќе имаат корисниците од улицата „Христо Татарчев“ бр.13 во населбата Припор и фирмите на таа улица, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Скопје, 1 октомври 2022 (МИА) - Прекинато водоснабдување од попладнево ќе имаат корисниците од улицата „Христо Татарчев“ бр.13 во населбата Припор и фирмите на таа улица, соопшти ЈП Водовод и канализација.
Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што посочуваат од претпријатието, е дефект на приклучна цевка на таа улица и ќе трае до санирање на дефектот. рп/