Без вода улица „Радишанска“
- ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје известува дека денеска, од 13:15 часот, без вода се корисниците од улица „Радишанска“.

Скопје, 7 октомври 2024 (МИА) - ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје известува дека денеска, од 13:15 часот, без вода се корисниците од улица „Радишанска“.
Водоснабдувањето е прекинато поради дефект на улична цевка од ф 250мм на ул. „Радишанска“ бб.
Корисниците ќе останат без вода до завршување на интервенцијата. ир/са/
Фото: МИА архива