Без вода корисници од улицата „Благоја Стефковски“ и Хиподром
- Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците од улицата „Благоја Стефковски“ и населбата Хиподром.

Скопје, 24 април 2025 (МИА) - Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците од улицата „Благоја Стефковски“ и населбата Хиподром.
Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата „Благоја Стефковски“ 152.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.бт/лв/
Фото: МИА Архива