Без вода дел од населбата Пинтија
- Според соопштеното, водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Скопје, 16 август 2024 (МИА) - Поради изведување нов водоводен приклучок на улицата „32“ број 32 во населбата Пинтија, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од оваа улица, информираат утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Според соопштеното, водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. бд/са/
Фото: МИА архива