Без вода делови од Карпош и Центар
- Дефектот е на ул. „Петре Пирузе“ бр.10, а прекинато водоснабдување имаат корисници на од улиците „Петре Пирузе“, „Ташкенска“ и „Хаванска“, како и дел од улиците „Варшавска“ и „Хелсинки“.

Скопје, 1 септември 2023 (МИА) - Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради уличен дефект вечерва од 19.30 часот има прекин во водоснабдувањето во делови од општините Карпош и Центар.
Дефектот е на ул. „Петре Пирузе“ бр.10, а прекинато водоснабдување имаат корисници на од улиците „Петре Пирузе“, „Ташкенска“ и „Хаванска“, како и дел од улиците „Варшавска“ и „Хелсинки“.
Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување на дефектот. ра/лв/
Фото: МИА