Без вода дел од Тафталиџе
- Прекин на водоснабдувањето денеска од 09:00 часот ќе имаат дел од корисниците од населба Тафталиџе.

Скопје, 25 октомври 2021 (МИА) - Прекин на водоснабдувањето денеска од 09:00 часот ќе имаат дел од корисниците од населба Тафталиџе.
ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради менување вентил во шахта од ф1 на улица „Мексичка“ број 5, а без вода ќе бидат корисниците од улиците „Ташкенска“, „Мексичка“, „Хаванска“, дел од „Варшавска“ и дел од „Хелсинки“.