• понеделник, 23 декември 2024

Безбедносната состојба во Струмица оценета како поволна

Безбедносната состојба во Струмица оценета како поволна
Струмица, 11 февруари 2022 (МИА) - Командирот на Полициската станица од општа надлежност Струмица ја оцени безбедносната состојба на територијата на општината како поволна, а таквата оценка ја прифати и Советот на Општината на последната седница. Оценката се однесува на последните шест месеци од мината година, а во споредба со истиот период од 2020 година забележливо е зголемување на бројот на прекршоците против јавниот ред и мир. Имено, во 2021 година се констатирани 86, а преклани 49 прершоци. Од нив, лани 61 се сторени на подрачјето на градот, а 25 во селата. Од сторителите 112 се мажи, девет жени и три правни лица. Јавниот ред и мир најчесто бил нарушуван со физички напад (52), учество, предизвикување или поттикнување друг на тепачка (6), карање, викање или непристојно однесување (16), оддавање на пијанство на јавни места (1), омаловажување на службени лица (5), фрлање, кршење на разни предмети и лажно повикување помош, овозможување пристап на малолетни лица во угостителски објект и несоодветно држење животни по еден и пуштање гласна музика (2). Од областа на законот за оружје нема констатирано прекршоци, додека од законот за лични карти е констатирано дека само еден граѓанин не носел лична карта. Од областа на безбедноста на сообраќајот е нотирано дека се случиле 153 сообраќајни незгоди, што е помалку со истиот период во 2020 година за 11. Во незгодите загинало едно лице. Со тешки телесни повреди имало 23 лица, а со телесни повреди 36. Најчести причини за случување на сообраќајките се вршење неправилно дејство со возилото, неотстапување првенство на минување, управување под дејство на алкохол, брзо возење, недржење страна на возење, недржење растојание, престигнување и останати причини. Во сообраќајните незгоди е причинета материјална штета во износ од 7.508.000 денари. Во извештајниот период полицијата реализирала повеќе превентивни активности како што се превенција од провални кражби, заедно за поголема безбедност во сообраќајот, вози одговорно, животот е во твои раце, на кафе кај соседите, превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и никотин и други активности. рт/цр

Остани поврзан