• недела, 22 декември 2024

Безбедносната ситуација во Цетиње е неповолна и ризична

Безбедносната ситуација во Цетиње е неповолна и ризична
Подгорица, 4 септември 2021 (МИА) - Противниците на устоличувањето  црногорско-приморскиот митрополит Јоаникиј во Цетински манастир вечерва повторно се собираат во центарот на Цетиње. Приодите кон Цетиње се уште се блокирани со барикади, што беа поставени од демонстрантите во текот на денот. Црногорската полиција соопшти дека безбедносната ситуација во Цетиње е неповолна и ризична. Во Цетиње претходно пристигна претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. Претходно, црногорските медиуми повикувајќи се на неофицијални информации објавија дека премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ и вицепремиерот Дритан Абазовиќ ќе побараат од патријархот Порфириј и митрополитот Јоаникиј да го преместат устоличувањето од Цетиње во Подгорица поради наводни можни инциденти. Кривокапиќ и Абазовиќ се одлучија на таков чекор по денешните инциденти во Цетиње. ми/

Остани поврзан