• сабота, 23 ноември 2024

Бегај порачува дека насилството не треба да биде опција, туку дијалогот за надминување на тензиите на Косово

Бегај порачува дека насилството не треба да биде опција, туку дијалогот за надминување на тензиите на Косово

Тирана, 7 јуни 2023 (МИА) – Албанскиот претседател Бајрам Бегај коментирајќи ги последните случувања на северот на Косово рече дека побарал од косовските власти да покажат претпазливост и дека насилството не треба да биде опција, туку дијалогот, јави Ора њуз.

-Суверенитетот и интегритетот на Косово се незаменливи. Упатувам братски апел до косовските власти дека во оваа ситуација мора да имаат трпение, зрелост и да се координираат со нашите стратешки партнери. Насилството не е решение, насилниот конфликт не треба да биде опција, туку дијалогот, додал тој на заедничката прес-конференција со претседателот на Естонија Алар Карис, кој е во посета на земјата.

Потврдил дека е во постојана комуникација не само со косовските власти туку и со шефовите на држави од регионот.

-Мојата комуникација со Косово е континуирана, со највисоките власти, како и со командантот на КФОР и со неколку претседатели на земјите од регионот. Продолжува нашата поддршката за Косово и го нагласувам значењето од спроведувањето на договорот од Брисел и анексите договорени во Охрид. Треба да се фокусираме на приоритетите, посочил тој.

Оценил дека „никој не е задоволен со ситуации или однесувања кои не и служат на стабилноста на регионот, особено кога тој е во процес на интеграција“.

-Додека сите очекувавме дека ќе има преговори меѓу Косово и Србија, имавме тензична ситуација, која дојде како резултат на злоупотреба на српското население на северот на Косово и на насилство од страна на криминалните групи. Ова носи последици за регионот, но и за меѓународната заедница, како непотребно оптоварување на партнерствата. Мислам дека ситуацијата бара решение, кое, верувам дека ќе биде земено предвид од лидерите и двата главни фактори, рекол тој. вт/

Фото: Фејсбук профил на Бегај

Остани поврзан