• недела, 19 мај 2024

Бегај и го честиташе изборот на Давкова: Убеден сум дека заедно ќе продолжиме да ги зајакнуваме односите меѓу нашите земји

Бегај и го честиташе изборот на Давкова: Убеден сум дека заедно ќе продолжиме да ги зајакнуваме односите меѓу нашите земји

Тирана, 9 мај 2024 (МИА) - Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај  ѝ го честиташе изборот на Гордана Силјановска-Давкова за претседател на Република Северна Македонија, која е прва жена на чело на државата, јави Ора њуз.

Во објава на својот профил на платформата Х изразува верба во натамошното зајакнување на односите меѓу двете земји.

- Честитки, Гордана Силјановска-Давкова, првата жена избрана  за претседател на Република Северна Македонија. Убеден сум дека заедно дополнително ќе ги зајакнеме традиционално многу добрите односи меѓу нашите пријателски земји, како земји членки во НАТО и идни членки во ЕУ, за што Албанците во РСМ остануваат целосно ангажирани, напиша Бегај во објавата на Платформата Х. вт/цр

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан