• недела, 22 декември 2024

Скопска Апелација ја потврди првостепената пресуда за неисплатено грозје од „Повардарие“ кон откупен пункт

Скопска Апелација ја потврди првостепената пресуда за неисплатено грозје од „Повардарие“ кон откупен пункт
Кавадарци, 5 февруари 2023 (МИА) - По повеќегодишен судски спор, Апелациониот суд Скопје ја потврди првостепената пресуда од Основниот суд - Велес за неисплатен долг на винарската визба во стечај „Повардарие“ кон откупниот пункт за грозје на „Ким охио компани“ во износ од 12 560 000 денари.
 
Како што информираше денеска Ѓорѓи Бебеџаков, управител на фирмата со откупен пункт, со ова се докажа дека „Повардарие“ своевремено го нема исплатено грозјето на лозарите.
 
- Заради застареност, судот ги отфрли побарувањата за превоз и вага од 2 700 000 денари. Се надевам дека после ова, сите надлежни во државата, ќе се заложат да се исполнат ветувањата што беа дадени од пред неколку години од високи политички личности, дека ќе се исплати и грозјето однесено преку откупен пункт, а не само тоа продадено директно во винарска визба, соопшти Бебеџаков. 
 
Во врска со спорот за неисплатеното грозје со винарската визба „Повардарие“, се огласија и од Здружението „Напредни лозари“.
 
 - Винарската визба им должеше на лозарите и на откупниот пункт,  фирмата на Бебеџаков, па се утврди дека откупувачот не е виновен за неисплатеното грозје. Сега надлежните во државата треба да преземат мерки тоа грозје да се доисплати, рекоа од „Напредни лозари“. свд/ар/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан