• четврток, 26 март 2026

БДС ги промовираше носителите на листите за локалните избори

БДС ги промовираше носителите на листите за локалните избори

30 септември 2025

Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) ја започна кампањата за локалните избори промовирајќи ги носителите на листите за советници за општините во кои оваа политичка партија пријави учество на изборите.

Претседателот на БДС, Мунир Колашинац е носител на листата за советници за Град Скопје, директорот на БДС, Фарук Хасиќ е носител на листата за советници во општина Бутел, Зекир Курбардовиќ е носител на листата за советници на општина Чаир, Амар Меќиќ е носител на листата за советници во општина Аеродром, а Шеќо Личина е носител на листата за општина Петровец. БДС има своја листа за советници и во општина Велес, каде носител е Енвер Карталовиќ, за општина Градско носител на листата е Сеат Суљковиќ, додека за општина Долнени носител е Алмир Бахор.

БДС на овие избори настапува под редниот број 18, со слоганот „Snaga zajedništva“ (Силата на заедништвото), истакнуваќи дека носителите на листите за советници во општините, како и предложените членови за советници, се луѓе од интегритет, доверба, со исклучително знаење, способности, вештини и капацитети, со кои можат да придонесат за решавање на проблемите на локалното население, особено во местата каде живеат Бошњаците, кои со децении се соочуваат со бројни предизвици поради недостаток на политичка волја од страна на надлежните, да се справат со нивните барања, потреби и проблеми.

Бошњачки демократски сојуз

Остани поврзан