• четврток, 26 март 2026

Бајру бара поддршка во Парламентот пред гласањето за доверба

Бајру бара поддршка во Парламентот пред гласањето за доверба

Париз, 8 септември 2025 (МИА) -  Во Парламентот на Франција започна вонредна седница, за време на која ќе се одржи гласање за доверба на премиерот Франсоа Бајру, што е веќе третпат за една година.

Бајру го свика гласањето, со што заврши летната пауза на пратениците и побара од нив да ги поддржат неговите планови за намалување на јавниот долг.

Бајру беше назначен за премиер од францускиот претседател Емануел Макрон во декември лани, и ако пратениците гласаат против него, тој ќе мора да поднесе оставка од владата.

Пратениците ќе гласаат по говорот на Бајру, а можат и да се воздржат.

Макрон го распушти Парламентот во јуни минатата година и свика избори кои завршија без доминантна коалиција на чело за прв пат од основањето на Француската Република.

Во парламентот има повеќе од 320 пратеници од крајно левичарските и крајно десничарските партии кои рекоа дека ќе гласаат против владата на Бајру, која е поддржана од 210 центристи и сојузнички конзервативци.

Бајру вчера ја изрази својата загриженост за поврзаноста на пратениците со спротивставени идеолошки ставови против него - левицата и десницата. зш/

Остани поврзан