Бајрам Реџепи: Ќе обезбедиме пензионерите да имаат свој претставник во Општинскиот совет
- Кандидатот за градоначалник на Тетово, Бајрам Реџепи од Националната Алијанса за Интеграција денес одржа средба со пензионерите во нивното Здружение во Тетово. Соопшти дека со претставниците на Здружението на пензионерите, разговарале за реалните предизвици и потреби на оваа генерација на луѓе од Тетово.
Тетово, 14 октомври 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Тетово, Бајрам Реџепи од Националната Алијанса за Интеграција денес одржа средба со пензионерите во нивното Здружение во Тетово. Соопшти дека со претставниците на Здружението на пензионерите, разговарале за реалните предизвици и потреби на оваа генерација на луѓе од Тетово.
Бајрам Реџепи ја истакна идејата како пензионерите да дадат свој придонес во одлучувањето на општинско ниво.
-Ќе обезбедиме пензионерите да имаат свој претставник во Општинскиот совет, без право на глас, но со право на збор, за нивниот глас да се слушне директно во процесот на одлучување. Овие и многу други иницијативи се дел од нашата посветеност да се грижиме со почит за генерацијата која не научи на вредностите на трудот и достоинството, рече Бајрам Реџепи.
За подобрување на квалитетот на живот на пензиорите Реџепи им посочи повеќе заложби.
-Ќе помогнеме во подобрување на условите на постојниот Центар на пензионерите во Тетово, со создавање на попросторна, пофункционална и подостоинствена средина за средби, културни и социјални активности. Пензионерите со многу ниски примања ќе бидат вклучени во посебна програма за социјална заштита. Ќе изградиме патна инфраструктура прилагодена за постарите лица, како и стази за прошетки, велосипедски патеки и безбедни тротоари, за да се избегнат повреди и да се олесни нивното движење, истакна Реџепи.ас/
Фото: Прес-центар Бајрам Реџепи