• петок, 05 декември 2025

Бајрам Реџепи: Тетовчани јасно ја препознаваат визија за чисти финансии, транспарентно буџетирање и поквалитетни и поевтини услуги за секој граѓанин на Тетово

Бајрам Реџепи: Тетовчани јасно ја препознаваат визија за чисти финансии, транспарентно буџетирање и поквалитетни и поевтини услуги за секој граѓанин на Тетово

Тетово, 5 октомври 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалник Бајрам Реџепи денес ја побара поддршката од  граѓаните од стариот дел на градот на потегот од населба Колтук до Поток.

-Нашата програма за Тетово е инклузивна и во центарот го има граѓанинот и неговата благосостојба. Чисти финансии, транспарентно буџетирање и поквалитетни и поевтини услуги за секој граѓанин на Тетово. Тетовчани, ја прифаќаат и јасно ја препознаваат нашата програма и визија за Тетово. Секаде не пречекуваат топло и срдечно, истакна Реџепи.ас/вј/

Фото: НАИ

Остани поврзан