• недела, 22 декември 2024

Бајрактар и Шкријељ во Центар Жупа: Услугите од социјална и детска заштита ги доближивме до граѓаните

Бајрактар и Шкријељ во Центар Жупа: Услугите од социјална и детска заштита ги доближивме до граѓаните
Центар Жупа, 18 февруари 2020 (МИА) - Заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик-министерка, Санела Шкријељ денеска прстојуваа во Центар Жупа, објави на Фејсбук градоначалникот Аријан Ибраим. Во просториите на општината имаа средба со градоначалникот Ибраим, по што заедно со директорт на дебарскиот Меѓуопштнски центар за социјална работа Крешник Пачуку ја посетија канцеларијатa за социјални работи во општината. -За граѓаните е важно што услугите од социјална заштита можат да ги добијат во местото каде што живеат. Канцеларијата во Центар Жупа е дел од мрежата канцеларии на чие отворање работевме заедно со општините во изминатите две ипол години. Ова е уште една од активностите насочени кон прилагодување на системот на социјална заштита на потребите на граѓаните. Сите граѓани имаат право на едноставен и достапен начин да побараат и добијат социјална помош или било кое друго право од системот на социјална заштита. Со социјалната реформа го променивме пристапот кон граѓаните и покажавме грижа за секој граѓанин подеднакво, изјавила Шкријељ. Заменик-министерот Бајрактар посочил дека во општината Центар Жупа функционира и Центарот за ран детски развој, во дел од објектот на деветолетката „Мустафа Кемал Ататурк“, кој врши згрижувачка и воспитно-образовна дејност за 20 деца на возраст од три до шест години. -Фокусот е на децата. Како Министерство за труд и социјална политика се заложивме што повеќе деца да бидат вклучени во градинки и центри за ран детски развој. Градинките не се само место каде децата се згрижуваат, тие се важен чинител во социјализацијата и едукацијата на децата, нагласил Бајрактар. Посочил дека ќе се продолжи со инвестирање во градинки и центри за ран детски развој, секаде каде има потреба. -За рурални општини како Центар Жупа многу е полесно за граѓаните кога канцелариите за социјална работа се што поблиску до нив и не мораат да патуваат до Дебар за да остварат права од социјална заштита, оценил Ибраим. вт/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан