• среда, 20 ноември 2024

Бајиќ ги одбра кандидатите за јулскиот квалификациски ФИБА „прозорец“

Бајиќ ги одбра кандидатите за јулскиот квалификациски ФИБА „прозорец“
Скопје, 23 јуни 2022 (МИА) – Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ ги одреди 14-те играчи на кои ќе смета за претстојните натпреварите против селекциите на Шпанија и на Украина во јулскиот квалификациски ФИБА „прозорец“ за Светскиот куп во 2023 година. На списокот на Бајиќ се најдоа: Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром Стојан Ѓуроски – Пелистер Андреј Маслинко – ТФТ Страхил Николов - ТФТ Виктор Ташовски – ТФТ Виктор Ефремовски – Гостивар Валмир Какруки – Работнички Теодор Симиќ – Барселона-Шпанија Андреј Јакимовски – Вашингтон Стејт (НЦАА-САД) Рубин Стефанов – Италија. Натпреварот со Шпанија е закажан за 1 јули во Сарагоса, три дена подоцна е дуелот во Скопје против селекцијата на Украина. зс/

Остани поврзан