• недела, 29 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бајден стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД, наполни 82 години

Бајден стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД, наполни 82 години

Вашингтон, 20 ноември 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД.

Бајден денеска немал јавни должности.

Тој се врати во вторникот вечерта од патувањето во Јужна Америка, каде што учествуваше и на самитот на Г20 во Рио де Жанеиро.

Семејството, пријателите и колегите, вклучително и првата дама Џил Бајден и поранешниот американски претседател Барак Обама, му го честитаа роденденот на Бајден на социјалните мрежи. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан