Бајден со честитки за Велигден до православните христијани
- Американскиот претседател Џо Бајден, oд патување во северозападниот дел на САД испрати честитки за Велигден до православните христијани, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Вашингтон, 24 април 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден, oд патување во северозападниот дел на САД испрати честитки за Велигден до православните христијани, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
-Заедно со Џил испраќаме топли поздрави до сите наши пријатели од православната заедница кои денеска го слават Велигден, напиша тој на Твитер.
-Се радуваме со вас по повод Воскресението на Исус Христос и триумфот на светлината над темнината. Нека мирот на Христос биде со вас денеска и засекогаш, порача Бајден.
Претседателот викендов беше на митинзи во државите од северозападниот, тихоокеански дел на САД.
Oд Портленд, Орегон и Сиетл, Вашингтон, тoj соопшти за нови социјални планови за намалување на трошоците на американските семејства, справување со климатските промени, изградба и обнова на инфраструктура на САД и зајакнување на сојузното земјиште за поголема отпорност од шумски пожари. кб/ссм/