• понеделник, 06 мај 2024

Бајден со вонредно обраќање од Белата куќа: САД цврсто и непоколебливо стојат зад Израел

Бајден со вонредно обраќање од Белата куќа: САД цврсто и непоколебливо стојат зад Израел

Вашингтон, 7 октомври 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден вечерва се обрати од Белата куќа, со посебен осврт на ситуацијата во Израел, порачувајќи дека САД стојат зад Израел.

-Никогаш нема оправдување за терористички напади, рече Бајден во своето обраќаење од Белата куќа.

Тој додаде дека САД ќе го чуваат грбот на Израел. 

-Ќе се погрижиме да ја добијат потребната помош за нивните граѓани и да продолжат да се бранат, кажа американскиот претседателот, придружуван од државниот секретар Ентони Блинкен.

Бајден изјави дека денеска разговарал со израелскиот премиер бенјамин Нетанјаху и додаде дека поддршката на американската администрација за безбедноста на Израел „е цврста и непоколеблива“. сд/

фото:ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан