• петок, 22 ноември 2024

Бајден се надева на нов договор за прекин на огнот во Газа: Блиску сме

Бајден се надева на нов договор за прекин на огнот во Газа: Блиску сме

Вашингтон, 27 февруари 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изрази оптимизам дека нескоро ќе се постигне нов прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас во војната во Газа.

-Мојот советник за национална безбедност ми кажа дека сме блиску, рече Бајден. „Сè уште не сме готови. Се надевам дека ќе имаме прекин на огнот до следниот понеделник“, додаде тој.

Катар, Египет и САД со недели се обидуваат да посредуваат за нов прекин на огнот меѓу Хамас и Израел во Газа, договор што треба да го олесни ослободувањето на израелските заложници кои сè уште се држат во крајбрежниот појас.

Меѓутоа, неизвесно е дали меѓународните посредници ќе можат да го договорат прекинот на огнот до 10 март, кога почнува муслиманскиот пост Рамазан.

Медиумите претходно објавија дека тешките преговори не напредуваат. Израелските телевизиски станици Канал 12 и Кан цитираа официјални лица дека преговарачката рамка предложена од посредниците сè уште не е компатибилна со барањата на Хамас.

Хамас го обвини Израел дека ги блокира преговорите.сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан