• петок, 15 ноември 2024

Бајден прогласи состојба на природна катастрофа поради пожарите на Хаваите, подготвена е федерална помош

Бајден прогласи состојба на природна катастрофа поради пожарите на Хаваите, подготвена е федерална помош

Хонолулу, 10 август 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска прогласи состојба на природна катастрофа на Хаваите, што овозможува испорака на федерална помош, откако во катастрофалните пожари на островот Мауи на Хаваите, загинаа најмалку 36 лица.

Федералната помош во овој случај вклучува грантови за привремени станбени објекти и поправки на куќи, евтини кредити за покривање на оштетениот неосигурен имот и други слични програми за жителите на Мауи и фирмите погодени од пожарот.

Бајден телефонски разговарал со гувернерот на Хаваи, Џош Грин и изразил сочувство поради загубените животи и уништената земја во пожарите, соопштено е од Белата куќа. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан