• вторник, 19 ноември 2024

Бајден по масакрот во Бафало: Омразата е дамка на душата на Америка

Бајден по масакрот во Бафало: Омразата е дамка на душата на Америка
Вашингтон, 15 мај 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден ја осуди „омразата која е дамка на душата на Америка“, ден по расистичкиот масакр во кој загинаа десет луѓе во Бафало, Њујорк. „Напаѓачот кој дејствуваше сам и беше опремен со воено оружје, со душа полна со омраза, ладнокрвно уби десет невини луѓе“, рече американскиот претседател во Вашингтон, на комеморацијата на полицајците убиени додека ги извршуваа своите должности. „Мораме да работиме заедно за да ја потиснеме омразата што ја валка душата на Америка“, додаде Бајден. Американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека масакрот во Бафало ќе биде истражуван како злосторство од омраза и „расно мотивиран насилен екстремизам“. Напаѓачот, 18-годишно бело момче отвори оган во супермаркет, лоциран во кварт со доминантно афроамериканско население, при што уби 10 луѓе, а повреди тројца. Единаесет од жртвите се Афроамериканци. Напаѓачот, кој и се предаде на полицијата и е во притвор, не е од Бафало и до супермаркетот, според полицијата, возел со часови. Американските медиуми објавија дека напаѓачот е Пејтон Гендрон и дека потекнува од Конклин, мал град во државата Њујорк, приближно 300 километри јужно од Бафало. паг/  

Остани поврзан