• петок, 11 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бајден постигна договор со републиканците за суспендирање на горната граница на американскиот долг

Бајден постигна договор со републиканците за суспендирање на горната граница на американскиот долг

Вашингтон, 28 мај 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден и претседателот на Конгресот, кој е од Републиканската партија Кевин Мекарти постигнаа привремен договор за суспендирање на горната граница на задолжувањата на федералната влада, ставајќи крај на повеќемесечниот ќор-сокак.

Договорено е горната граница на јавниот долг да не надминува 31,4 милијарди долари за трошоци кои не се поврзани со националниот одбранбен систем, што е приближно иста сума што важи и за тековната буџетска година.

„Само што разговарав со претседателот пред малку. Откако тој го трошеше времето и одбиваше да преговара со месеци, постигнавме начелен договор што е достоен за американскиот народ“, напиша Мекарти на Твитер.

Во изјавата, Бајден го нарече договорот „важен чекор напред“. - Договорот е компромис, што значи дека не секој го добива она што го сака. Тоа е одговорност на власта, истакна американскиот претседател.

Според него, договорот е добра вест за американскиот народ бидејќи спречува катастрофален развој што можеше да влијае на економската рецесија, да ги загрози пензиските фондови и да придонесе за затворање на милиони работни места.

- Во текот на следниот ден нашите преговарачки тимови ќе го финализираат текстот на законот и договорот ќе оди пред Претставничкиот дом и Сенатот. Ги повикувам двата дома да го потврдат договорот што е можно поскоро, рече Бајден.

Договорот е постигнат по деведесетминутниот телефонски разговор меѓу Бајден и претседателот на Претставничкиот дом, Кевин Мекарти. ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан