• недела, 22 декември 2024

Бајден: Кога ќе заврши гласањето, ќе не прогласат за победници

Бајден: Кога ќе заврши гласањето, ќе не прогласат за победници
Вилмингтон, 6 ноември 2020 (МИА) - Демократскиот претседателски кандидат, Џо Бајден, во ноќешниот говор од неговиот штаб во Вилмингтон, во сојузната држава Делавер, на Американците повторно им порача дека „секој глас мора да се изброи“ и од нив само бара трпеливост. На прес-конференцијата Бајден беше придружуван од сенаторката Камала Харис, која ќе биде потпретседателка на САД доколку тој на крајот го победи актуелниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп. -Сенаторката и јас од час во час се чувствуваме многу добро, а моменталната состојба е многу добра. Немаме дилема дека во моментот кога ќе се избројат гласовите до крај, јас и сенаторката ќе бидеме прогласени за победници. Затоа луѓе, ве молам - останете смирени. Броењето мора да заврши и верувам дека наскоро ќе ги знаеме резултатите. Ви благодарам за вашата трпеливост, рече Бајден, цитиран од Си-Ен-Ен. Тој на прес-конференција се појави по завршувањето на состанокот со здравствените претставници, а темата беше коронавирусот. -Нашите срца се со секое семејство што изгуби член на семејство поради оваа ужасна болест, додаде Бајден. сд/  

Остани поврзан