• недела, 22 декември 2024

Бајден и честиташе на Трас, порачувајќи дека се радува на продлабочување на односите со Велика Британија

Бајден и честиташе на Трас, порачувајќи дека се радува на продлабочување на односите со Велика Британија
Вашингтон, 6 септември 2022 (МИА) -  Американскиот претседател Џо Бајден и честиташе на Лиз Трас за преземањето на функцијата премиерка на Велика Британија и истакна дека Вашингтон и Лондон ќе продолжат да соработуваат за глобалните прашања, вклучително и руската инвазија на Украина. „Со нетрпение очекувам да ги продлабочиме специјалните односи меѓу нашите земји и тесно да соработуваме на глобалните предизвици, вклучително и континуирана поддршка за Украина додека се брани од руската агресија“, напиша американскиот претседател на Твитер. Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, рече дека Бајден и телефонски ќе и честита на Трас. Кралицата Елизабета Втора денеска ја именуваше Лиз Трус за нова британска премиерка. Трас е четвртиот конзервативен премиер во последните шест години и до неодамна министерка за надворешни работи. ссм/

Остани поврзан