• понеделник, 25 ноември 2024

Бајден имаше серија телефонски разговори со западни лидери за кризата во Русија

Бајден имаше серија телефонски разговори со западни лидери за кризата во Русија

Вашингтон, 24 јуни 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска разговараше за кризата во Русија со челниците на Франција, Германија и Велика Британија, потврдувајќи ја цврстата поддршка на сојузниците за Украина.

Според соопштението од Белата куќа, Бајден телефонски разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и премиерот на Велика Британија Риши Сунак за „ситуацијата во Русија“.

Лидерите „ја потврдија својата непоколеблива поддршка за Украина“, се додава во соопштението на Белата куќа.

Портпаролот на Белата куќа, исто така, рече дека Бајден и потпретседателката Камала Харис биле информирани од нивниот тим за национална безбедност за руската криза и дека ќе продолжат да бидат информирани во текот на денот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан