• недела, 22 декември 2024

Бајден го одржа Молитвениот појадок

Бајден го одржа Молитвениот појадок

Вашингтон, 1 февруари 2024 (МИА)  - Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска го одржа традиционалниот годишен молитвен појадок на Капитол Хил, за време на кој повика на мир во светот, особено во Појасот Газа и Украина.

„Ние не само што се молиме за мир, туку активно работиме за мир, безбедност и достоинство на израелскиот и палестинскиот народ“, рече Бајден.

Тој додаде дека работи на враќање на заложниците дома, за ублажување на хуманитарната криза и за воспоставување „траен мир“ во Појасот Газа и Израел.

„Исто како што работевме за мирот, безбедноста и достоинството на украинскиот народ кој покажува неверојатна решителност и отпор кон агресијата на Путин. Предизвикот на нашето време не потсетува на нашата одговорност како нација да си помагаме еден на друг. Праведен и траен мир, да го предадеме во странство и овде дома“, рече Бајден.

Бајден, според американски медиуми, рекол дека за време на појадокот се молел дека „најдобрите денови допрва доаѓаат“.

„Дека како народ се уште веруваме во чесност, пристојност, достоинство и почит. Дека не се гледаме како непријатели, туку како ближни луѓе, секој создаден според Божјиот лик“, рече американскиот претседател. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан