• петок, 22 ноември 2024

Бајден го обвини Трамп за блокирање на транзицијата во националната безбедност

Бајден го обвини Трамп за блокирање на транзицијата во националната безбедност
Вашингтон, 28 декември 2020 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател  во заминување, Доналд Трамп, поставува „блокади“ за непречената транзиција на власта, особено за безбедносните прашања, обвини денеска новоизбраниот претседател Џо Бајден, јави ДПА. -Во моментов ние едноставно не ги добиваме сите информации што ни се потребни од администрацијата во заминување во клучните области на националната безбедност. Ништо не е кратко, според мое мислење, како неодговорноста, рече Бајден во говорот од Делавер, неговата матична држава. Трамп одбива да го признае поразот на изборите во ноември. Тој не се сретна со Бајден и не е јасно дали и воопшто ќе се сретне пред инаугурацијата во јануари. Традиционално, администрацијата во заминување работи со тимот што доаѓа, за да помогне да се обезбеди непречена транзиција, во име на националниот интерес, наведе ДПА. Трамп ослободи средства што според законот се наменети за администрацијата што ќе дојде по преодниот рок. сд/

Остани поврзан