• недела, 22 декември 2024

Бајден во говорот пред ГС на ОН ќе истакне дека не верува во нова Студена војна

Бајден во говорот пред ГС на ОН ќе истакне дека не верува во нова Студена војна
Вашингтон, 20 септември 2021 (МИА) -  Американскиот претседател Џозеф Бајден, кој утре треба да зборува пред Генералното собрание на ОН, ќе нагласи дека „не верува во идејата за нова Студена војна“. - Бајден утре ќе стави до знаење дека не верува во идејата за нова Студена војна со светот поделен на блокови, изјави неименуван функционер во контекст на ривалството меѓу Вашингтон и Пекинг. Американскиот претседател „верува во силна, интензивна и принципиелна конкуренција“, додаде истиот извор. Според него, Бајден сака да и даде до знаење на меѓународната заедница дека „го затворил поглавјето за војната“ и дека отвора поглавје посветено на ефикасна и одлучна американска дипломатија што ќе соработува со сојузниците и партнерите во решавањето проблеми. зш/

Остани поврзан