• понеделник, 23 декември 2024

Бајден: Вакцинацијата во САД не е доведена во прашање по одлуката за „пауза“ на употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“

Бајден: Вакцинацијата во САД не е доведена во прашање по одлуката за „пауза“ на употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“
Вашингтон, 14 април 2021 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека вакцинацијата во САД не е доведена во прашање по одлуката за „пауза“ на употребата на вакцината  на „Џонсон и Џонсон“ против коронавирусот, поради случаи на појава на згрутчување на крвта. - И со привремен прекин на вакцинацијата со вакцината на „Џонсон и Џонсон“, постои огромна понуда на вакцини на „Фајзер“ и „Модерна“, доволно за 100 отсто вакцинацијата да не биде доведена во прашање, за секој Американец, изјави Бајден. Американските здравствени власти вчера препорачаа „пауза“ во употребата на вакцината „Џонсон и Џонсон“. Агенцијата за лекови (ФДА) испитува шест пријавени случаи на тежок облик на тромб во САД по приемот на вакцината. Центарот за контрола и превенција на болести, водечка агенција за јавно здравје во САД, треба да се состанат денеска за да ја проценат ситуацијата. паг/

Остани поврзан