• недела, 22 декември 2024

Бајден: Американските воздушни напади во Ирак имаа за цел да ги одвратат проиранските милитанти од напаѓање

Бајден: Американските воздушни напади во Ирак имаа за цел да ги одвратат проиранските милитанти од напаѓање

Вашингтоин, 27 декември 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска објави дека воздушните напади на американската војска, извршени претходно оваа недела во Ирак, имале за цел да ги одвратат Иран и милитантните групи поддржани од Техеран да не нападнат американски персонал и објекти.

-Целта на нападот беше да се прекине тековната серија напади против САД и нашите партнери и да се одвратат Иран и групите поддржани од Иран од понатамошни напади врз американскиот персонал и објекти. Соединетите држави се подготвени да преземат понатамошни дејствија за справување со заканите или напади, доколку е потребно или соодветно, рече Бајден во писмото до Конгресот.

Американската војска возврати со воздушни напади во Ирак во понеделникот, по нападот со беспилотно летало претходно истиот ден, во кој милитантните групи наводно поддржани од Иран раниле тројца американски персонал, од кои еден е во критична состојба

Вашингтон тврди дека Иран е „длабоко вклучен“ во планирањето на операциите против комерцијалниот брод во Црвеното Море од страна на јеменските Хути, што Терхеран го негира. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан