• среда, 18 декември 2024

Башким Бесими избран за член на Советот на јавните обвинители

Башким Бесими избран за член на Советот на јавните обвинители

Скопје, 25 март 2024 (МИА) – Јавниот обвинител Башким Бесими е избран за нов член на Советот на јавните обвинители, од редот на јавните обвинители од подрачјето на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Од вкупно 12 јавни обвинители од републичкото Јавно обвинителство со право на глас на изборите одржани во петокот за Бесими гласале шест, додека останатите кандидати Наум Паноски добил четири и Ферат Елези два гласа.

Советот е составен од 11 члена, од кои по функција член е републичкиот Јавен обвинител, шест члена ги избираат јавните обвинители на непосредни избори и четворица членови ги избира Собранието.

Мандатот на избраните членови на Советот трае четири години со право на уште еден избор. аа/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан