• понеделник, 23 декември 2024

Бах ја уверил Сакеларопулу дека Олимписките игри во Токио ќе се одржат со апсолутна безбедност за учесниците

Бах ја уверил Сакеларопулу дека Олимписките игри во Токио ќе се одржат со апсолутна безбедност за учесниците
Атина, 30 март 2021 (МИА) – Претседателот на Меѓународниот Олимписки комитет Томас Бах, за време на неговата дводневна посета на Атина, денеска беше примен од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и како што соопштија од нејзиниот кабинет, ја уверил дека Олимписките игри во Токио ќе се одржат со апсолутна безбедност за сите учесници, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно, Бах изразил надеж дека грчката претседателка ќе присуствува на свеченото отворање на 23 јули . Претседателот на Меѓународниот Олимписки комитет, денеска се сретна и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и рече дека „нивната средба има посебна симболика“. -Последен пат кога се сретнавме беше на почетокот на пандемијата, а сега повторно се среќаваме при крајот. Веќе се гледа светло на крајот од тунелот и во однос на Олимписките игри во Токио, рече Бах. Бах синоќа присуствуваше на манифестацијата за новото осветлување на Античкиот олимписки стадион „Калимармаро“.  ср/ссм/

Остани поврзан