• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Батлер е најбрзиот играч во историјата на Голден Стејт кој достигнал 100 или повеќе скокови и асистенции

Батлер е најбрзиот играч во историјата на Голден Стејт кој достигнал 100 или повеќе скокови и асистенции

Сан Франциско, 19 март 2025 (МИА) – Ветеранот во НБА-лигата, Џими Батлер постави клупски рекорд во Голден Стејт вориорс.

Во 17-от натпревар за својот нов тим, Батлер постигна 24 поени, осум скока и 10 асистенции. Тој ја надмина границата од 100 скока (101) и 100 асистенции (104). Ова е најбрзиот резултат во историјата на клубот.

Вориорс победија на 15 од тие 17 натпревари по доаѓањето на Батлер.

Тимот се искачи во плејоф зоната со скор 40-29 и на 4-то место на НБА рангирањето на најдобрите тимови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан