• понеделник, 10 февруари 2025

Батлер дебитираше за Голден Стејт, Дејвис за Далас

Батлер дебитираше за Голден Стејт, Дејвис за Далас

Чикаго, 9 февруари 2025 (МИА) - Поранешниот кошаркар на Мајами, Џими Батлер го одигра својот прв натпревар за Голден Стејт вориорс.

Батлер ноќеска во победата над Чикаго постигна 25 поени и 4 асистенции, 2 скока, 1 украдена топка и 1 блокада.

Вориорс славеа со 132:11, а Батлер шутираше 7 од 12 од поле и 11 од 13 од линијата во 29 минути.

Свое деби имаше и Ентони Дејвис за тимот на Далас маверикс. Дејвис во победата 116:105 над Хјустон рокетс синоќа на домашен терен постигна имаше 26 поени, 16 скока, 7 асистенции и 3 блокади.

Дејвис го напушти теренот во третата четвртина откако почувствува болка во препоните и квадрицепсите. Уште еден поранешен играч на Лејкерс, Макс Кристи, постигна 23 поени во своето деби за Маверикс. зс/

Фото: ФБ Голден Стејт

Остани поврзан