• петок, 15 ноември 2024

Бартомеу за Сетиен: Веќе донесовме некои одлуки

Бартомеу за Сетиен: Веќе донесовме некои одлуки
Лисабон, 15 август 2020 (МИА) - Претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу најави промени во клубот по поразот од Баерн во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Каталонскиот тим претрпе тежок пораз од минхенскиот гигант во борбата за полуфиналето на елитното натпреварување. Баерн славеше со убедливи 8:2. - Беше тешка ноќ. Жал ми е за навивачите, играчите, сите ... Ние не бевме на ниво, можам само да се извинам. Има веќе донесени одлуки, други ќе ги донесеме во наредните неколку дена. Ние ќе објавиме сè следната недела, кога ситуацијата ќе се смири. Сега е време да сумираме сè. Ова е разочарувачки резултат, изјави Бартомеу по мечот. Фудбалската јавност очекува тренерот Кике Сетиен да биде отпуштен од работа. - Не сакам да разговарам за тренерот. Како што реков претходно, многу решенија се веќе донесени пред продолжението на Лигата на шампионите, но сега не е време да разговараме за нив, додаде шефот. Тимот од „Ноу Камп“ ја заврши сезоната без ниту еден трофеј.

Тагови

Остани поврзан