• понеделник, 23 декември 2024

Барти стигна до првото Грен слем финале на тврда подлога

Барти стигна до првото Грен слем финале на тврда подлога
Мелбурн, 27 јануари 2022 (МИА) - Светскиот рекет број 1 Ешли Барти претпладнево ја победи Медисон Киз во полуфиналето на Австралија Опен (6:1, 6:3). Австралијката ја извојува 10-та победа во низа и ја прекина серијата од 10 победи на Американката. Во шест натпревари ба Грен слемот во Мелбурн, Барти на теренот мина 6 часа и 6 минути. Таа не загуби сет и загуби само 21 гем (во просек 3,5 по сет). На свој сервис загуби само еден гем. Барти по трет пат во кариерата и првпат на ттврда подлога стигна до финалето на Грен слем. На Ролан Гарос 2019 и Вимблдон 2021 година, таа освои титули. Воедно, Барти е првата Австралијка која стигнала до домашно финале на Грен слем од 1980 година. Во сабота ќе ги одмери силите со победничката од мечот Ига Свјатек (Полска) - Даниеле Колинс (САД). зс/

Остани поврзан