• недела, 22 декември 2024

Барселона ќе се раздели со Араухо при солидна понуда

Барселона ќе се раздели со Араухо при солидна понуда

Барселона, 13 март 2024 (МИА) - Шпанска Барселона ќе размисли за продажба на уругвајскиот репрезентативец Роналд Араухо на лето доколку тоа го наметнува економската ситуација на клубот.

Каталонците ќе треба да направат по еден голем излезен трансфер за да ги ангажираат Витор Роке и Иниго Мартинез на лето.

Откако синоќа го победи Наполи во Лигата на шампионите, Араухо изјави дека неговата иднина зависи од клубот, а „ЕСПН“ објави дека Барселона ќе се раздели со него доколку пристигне соодветна понуда за 25-годишниот дефанзивец.

Надежите на газдите на шпанскиот гигант се уште се дека ќе успеат да ја балансираат финансиската состојба на клубот со продажба на помалку клучни играчи. дс

Фото: Архива

Остани поврзан