• петок, 22 ноември 2024

Барселона постигна 100 голови 16 сезони по ред

Барселона постигна 100 голови 16 сезони по ред
Барселона, 22 март 2021 (МИА) – Фудбалерите на Барселона синоќа во рамките на 28. коло од Ла Лига го совлада Реал Сосиедад на гостински терен со резултат 6:1. Каталонскиот клуб има постигнато 100 погодоци на сите турнири во сезоната 2020/21. Така, Барселона постигна најмалку 100 гола 16 последователни сезони. После 28 одиграни кола од лигата, Барселона со 62 бода е на второто место во поредокот. Заостанува зад водечкиот Атлетико Мадрид четири бода, а има предност пред Реал Мадрид два бода. зс/

Остани поврзан