• сабота, 06 декември 2025

Барселона подготвена да го продаде Ленглет на Тотенхем за 10-15 милиони евра

Барселона подготвена да го продаде Ленглет на Тотенхем за 10-15 милиони евра
Барселона, 25 октомври 2022 (МИА) - Дефанзивецот на Барселона, Клемент Ленгле, кој е на позајмица во Тотенхем, може да остане во англискиот клуб. Според „Фудбал Еспања“ двата клуба ќе разговараат за трансфер опција за 10-15 милиони евра. Дваесет и седумгодишниот Французин дојде во Барселона во 2018 година. Оваа сезона настапува за Тотенхем за кого одигра осум натпревари и постигна една асистенција. зс/

Остани поврзан