• недела, 22 декември 2024

Барселона најави зголемување на таксата за туристите кои доаѓаат со бродови за крстарење

Барселона најави зголемување на таксата за туристите кои доаѓаат со бродови за крстарење

Maдрид, 21 јули 2024 (МИА) - Барселона ќе ја зголеми туристичката такса за патниците кои пристигнуваат со прекуокеански бродови и остануваат во градот помалку од 12 часа, изјави денеска градоначалникот Жаиме Колбони.

Тој изјави дека туристичката такса за патниците од крузерите во моментов изнесува седум евра дневно, но не прецизираше за колку таа сума ќе биде зголемена, освен дека поскапувањето ќе биде значително.

„Во случај на застанување и престој на туристите помалку од 12 часа, јавниот простор се употребува без каква било корист за градот, а граѓаните се чувствуваат окупирано. Сакаме туристите да ја почитуваат дестинацијата во која доаѓаат“, изјави Колбони за „Ел Паис“. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан