• недела, 07 декември 2025

Барселона има намера да го продолжи договорот со Торес

Барселона има намера да го продолжи договорот со Торес

Барселона, 21 октомври 2025 (МИА) - Барселона планира да го продолжи договорот со напаѓачот Феран Торес.

Според „Sport.es“, двете страни се заинтересирани да го продолжат своето партнерство. Дваесет и петгодишниот Шпанец постојано ја искажува својата посветеност на Барселона, а клубот тоа многу го цени.

Торес е во Барселона од јануари 2022 година. Во сезоната 2025/26, тој постигна пет гола и имаше една асистенција на 10 натпревари. Неговиот договор е до 30 јуни 2027 година.

Трансфермаркт ја проценува вредноста на Торес на 50 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан