Барселона заинтересирана за Гринвуд, Јунајтед ќе земе 50 отсто од трансфер сумата доколку се договори со Олимпик Марсеј
- Барселона покажува зголемен интерес за напаѓачот на Олимпик Марсеј, Мејсон Гринвуд, чиј трансфер во шпанската Ла Лига е многу поверојатен отколку враќањето во Премиер лигата, објави „ТБР Фудбал“.
Барселона, 13 мај 2025 (МИА) - Барселона покажува зголемен интерес за напаѓачот на Олимпик Марсеј, Мејсон Гринвуд, чиј трансфер во шпанската Ла Лига е многу поверојатен отколку враќањето во Премиер лигата, објави „ТБР Фудбал“.
Гринвуд (23), кој има еден настап за сениорската репрезентација на Англија и планира да ја претставува Јамајка во иднина, беше продаден од Манчестер Јунајтед на Олимпик Марсеј во 2024 година за 36 милиони евра.
Неговиот настап во Лига 1 го привлече вниманието на голем број европски клубови.
Друг шпански тим - Атлетико Мадрид - исто така ги следи неговите настапи, како и Барселона, но според „ТБР Фудбал“, Гринвуд може да добие можност да се пресели во каталонскиот гигант во текот на летото.
Доколку се случи трансфер во наредните недели, Манчестер Јунајтед ќе добие 50 отсто од сумата на договорот поради клаузула вклучена во договорот на Мејсон Гринвуд кога тој се пресели од „црвените ѓаволи“ во тимот на Марсеј. дс
Фото: Архива