Баро: Репресијата во Иран е веројатно најсуровата во современата историја на земјата
- Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денеска изјави дека официјален Париз се сомнева оти репресиите на иранските власти врз демонстрантите се најсуровите во современата историја на земјата.
Париз, 14 јануари 2026 (МИА) - Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денеска изјави дека официјален Париз се сомнева оти репресиите на иранските власти врз демонстрантите се најсуровите во современата историја на земјата.
- Се сомневаме дека ова се најжестоките репресии во современата историја на Иран и тие апсолутно мора да престанат - нагласи Баро.
Француските власти во неколку наврати досега изразија загриженост за состојбата со човековите права во Иран повикувајќи ги меѓународните партнери на соодветен одговор на насилството. ссм/ми/
фото: архива