• четврток, 26 март 2026

Баро: Потребна е итна и масовна помош за Појасот Газа

Баро: Потребна е итна и масовна помош за Појасот Газа

Париз, 20 мај 2025 (МИА) – Шефот на француската дипломатија Жан-Ноел Баро денеска изјави дека не е доволно тоа што Израел го олесни пристапот до хуманитарна помош за Појасот Газа.

- Тоа апсолутно не е доволно. Потребна е итна и масовна помош, посочи Баро.

Тој додаде дека Израел не смее да поставува никакви пречки за испорака на помош за Појасот Газа.

Лидерите на Велика Британија, Канада и Франција вчера се заканија со воведување на санкции против Израел доколку не ја запре новата воена офанзива во палестинската енклава и не ги укине ограничувањата за помош.

Израел вчера објави дека им дозволил на пет камиони со хуманитарна помош на ОН да влезат во Појасот Газа по 11-неделна блокада. ми/

фото: ЈуТјуб

Остани поврзан